Мадс Микелсен

Данецот Мадс Микелсен ќе го замени Џони Деп во улогата на волшебникот Гелерт Гринделвалд во филмскиот серијал „Фантастични ѕверови“, соопшти „Ворнер брос“, а пренесоа светските медиуми.

Третиот дел од серијалот треба да излезе 15 јули 2022 година. Актерската екипа предводена од Еди Редмејн и Џад Лоу веќе почна со снимањето.

На барање на студиото „Ворнер брос“ Деп ја напушти франшизата во почетокот на месецов откако го загуби судскиот спор со таблоидот „Сан“, за написот во кој беше наречен „тепач на жени“.

Деп имаше кратко појавување во првиот филм од серијалот „Фантастични ѕверови“ од 2016 година, за потоа да толкува една од главните улоги во вториот дел од 2018 година.