Монархињата Елизабета Втора и принцот Филип примиле вакцина против коронавирусот, потврди Бакингемската палата. Кралицата и нејзиниот сопруг биле вакцинирани во замокот Виндзор во саботата.

– Кралицата и војводата од Единбург денес примија вакцини против ковид-19. Домашниот доктор во замокот Виндзор ги вакцинира, а со цел да се спречат неточности и понатамошни шпекулации, нејзиното височество сака да даде до знаење дека ја примила вакцината – соопшти на 9 јануари портпаролот на палатата.

„Сандеј тајмс“ претходно објави дека кралицата и војводата од Единбург се очекува да бидат меѓу првите што ќе примат вакцина. Извори во монархијат наводно рекле дека станува збор за лична одлука и приватна работа, но се смета дека доколку монархињата ја прими вакцината, нејзината јавна поддршка ќе биде моќен противник на движењето против вакцинација.