Вирусот во контролирани услови може да остане одржлив до 28 дена на мазни површини, како што се екрани за мобилни телефони, метални површини и хартиени пари. Од друга страна, ова е многу подолго отколку што вирусот на грип може да остане на истите површини. Односно честиците што предизвикуваат грип остануваат максимум 17 дена, тврдат научниците од националната истражувачка организација ЦСИРО во Австралија.
Овие откритија покажуваат дека коронавирусот е заразен значително подолг временски период од првите информации за преживување на вирусот во контролирани услови. Ова е заклучокот на авторот на студијата, објавен во списанието „Виролоџи џурнал“.
Со ова, научниците уште еднаш покажаа потреба за редовна дезинфекција на паметните уреди што ги држиме во рацете.
Од друга страна, научниците се оградуваат од задржување на вирусот на телефоните во реални услови затоа што експериментот бил спроведен на постојана температура од 20 степени Целзиусови и во темни услови за да се исклучат влијанијата на УВ-светлината.
Екраните не се клучни за ширење на вирусите, вели Британскиот центар за контрола на болести и посочува дека ширењето на вирусот од екранот на паметните уреди е помалку опасно од пренесувањето на вирусот преку кивање во затворен простор. Сепак, тие посочуваат дека е неопходна редовна дезинфекција на овие уреди затоа што ги доближуваме до лицето.