Грејс Кели пленеше со својот стил, како на екранот така и во секојдневниот живот, иако ја паметиме првенствено по нејзините балски фустани во пастелни бои, бисери и дијаманти. Како и да е, нејзините лежерни изданија заслужуваат еднакво внимание.
Класична кошула дополнета со плисирани панталони и балетанки е комбинацијата што таа најчесто ја носеше. Иако им беше верна на неутралните тонови, таа знаеше да избере соодветна облека во светли бои, со мешавина од дезени и детали. Со еден збор, стил за сите времиња.
Eдна од нејзините модни комбинации ја поддржува оваа теза. Имено, во 1972 година во Монте Карло, таа се појави на натпревар во пливање и ги засени сите присутни. Држејќи го фотоапаратот во рака, Грејс носеше три клучни парчиња што ќе ја обележат сезоната што следува.

Фустан со психоделичен дезен – станува збор за дезен што ќе биде хит на сезоната, кој особено ќе владее оваа лето. Туниката на Грејс Кели, која е комбинација од зелена, розова и портокалова боја, е впечатливо и идеално решение за на плажа.
Торба со дрвени монистри – иако покажуваше наклонетост кон моделите на Ермес, таа често избираше и поприфатливи чанти. Покрај дрвените монистри, ја истакнуваме и рачката од бамбус, што исто така ја прави одличен избор за летен одмор.
Розов турбан – марамите за глава се малку попопуларни од турбаните, но розовиот модел од фотографијата секако може да послужи како инспирација, пишува шпанското издание на „Харперс базар“.