Планк или статична штица е вежба за време на која се активираат речиси сите мускули во телото, што ја прави една од најпопуларните вежби. Потребно е одредено количество сила за да се изврши, а за да се покажат резултати од неа, важно е и колку долго ќе бидете во таа позиција.
При изведување оваа вежба максимално ги користиме мускулите на стомакот и задникот и тетивите. Иако се потпираме на рацете, всушност треба да ги искористиме стомачните мускули, кои го држат телото најмногу во воздухот. За да покаже резултати изведувањето на една од најпопуларните вежби во светот, најважно е колку долго го одржуваме телото во воздухот. Имено, тоа не треба да биде помалку од 10 секунди, а во зависност од кондицијата на вежбачот, а и со постепено зголемување на времето, пожелно е вежбата да трае до 60 секунди, дури и две минути за оние што подолго време ја изведуваат и се во добра форма.
Кога се држи оваа позиција, за да има резултати треба да се стремиме да можеме да изведеме три вежби по 60 секунди со пауза од неколку секунди.
– Доколку сега првпат почнувате, може да ја изведувате вежбата во пократок интервал. Секако дека и тоа ќе има голем ефект врз телото, па постепено можете да зголемувате – вели Даг Склар, личен тренер и основач на добротворната организација „Филантро ФИТ“.