Натпреварот за Мис на светот, што се одржа деновиве,  го одбележаа протестните пораки што ги носеа претставничките на: Мјанмар, Уругвај и на Сингапур, кои носеа уникатни паноа.

Пораките се однесуваа на политичките и социјални прашања во нивните држави, кои алудираа и на антиазиската омраза, дискриминацијата на ЛГБТ заедницата и на актуелната полтичка криза во Мијанмар.

Во еден од најдраматичните моменти на изборот Бернадет Бела Онг од Сингапур прошета по пистата носејќи облека инспирана од боите на сингапурското национално знаме, а кога се заврте го откри натписот : „Стоп за омразата кон Азијците“.

Потоа мисицата на Уругвај, Лола де лос Сантос ѝ даде поддршка на ЛГБТ заедницата со фустан со наметка во боите на виножитото со натпис: „Нема веќе омраза, насилство, дискримианција“.

Претставничката на Мијанмар, Тузар Винт Лин, излезе на сцената со наметка навезена со монистра, се поклони пред публиката и ја отвори пораката напишана на хартија, на која пишуваше „Молете се за Мијанмар“. Овој гест е поттикнат од насилството кое еруптираше ширум земјата, откако воената хунта ја презеде власта во февруари, што предизвика демонстрации во кои се убиени над 7.000 луѓе, а илјадници се уапсени.