Култната серија „Игра на тронови“ преовладува на номинациите за наградата „Еми“ со 32-те номинации меѓу кои за најдобра драма, како и со неколку номинации за најдобри глумци, пренесува „Тајм“. 

Дарси Карден и Кен Џенг ги објавија топ-категориите во вторникот. Покрај „Игра на тронови“ врвните номинации ја вклучуваат „Прекрасната г-ѓа Мајсел“ , која доби 20 номинации, мини-серијата „Чернобил“ која има 19 номинации и „Кога ќе нѐ видат“ со 16 номинации.

Седумдесет и првата „Еми“ награда ќе биде емитувана на 22 септември  на Фокс. Домаѓинот сѐ уште не е објавен. Сите номинации погледнете ги на видеото подолу.