Мики Јовановски-Џафер, ветеранот на македонската популарна мзуика, ќе ја добие наградата за животно дело на годинашната „Златна бубамара на популарноста“, што ќе се одржи на 21 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

-Оваа престижна награда е, всушност, потврда за трајниот музички печат, што Мики Јовановски-Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и рок-музиката. „Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“, „Мики мој“ и „Сонце за три светови“ се песните со кои тој влезе во историја на македонската популарна музика, се вели во образложението на организаторите на оваа маниефстација, која повеќе од 20 години му дава свој белег на јавниот живот на земјава.

Годинешната „Златна бубамара“ ќе се одржи под слоганот „Да се предадеме! На музика, забава и смеење – откако се одадовме на лажење, крадење и неверства“.