Елон Маск пред берзата Насдак на денот на промоцијата на автомобилот „Модел Ес“ на „Тесла“

Пред десет години, за време на еден ведар ден во Њујорк, Попи Харлоу го интервјуираше Илон Маск, човекот кој тргна на пат засекогаш да ја смени планетата Земја, пренесува Си-ен-ен. 

На 29 јуни 2010 година, Маск го претстави црвениот „Тесла“ автомобил „Модел Ес“ пред светот. Сега, тој сака светот да го однесе на Марс. Во тоа време, тоа беше најсовремена технологија за автомобилска индустрија. Планот беше „Модел Ес“ да излезе во 2012 година, а Маск се надеваше да продаде 20.000 примероци. Но „Тесла“ во 2013 година успеа да продаде 22.477 автомобили, повеќе од очекувањата од претходната година. 

– Од самиот почеток, големиот сон на Маск беше  да создава електрични возила за масовен пазар. На прашањето колку очекува да стане голема „Тесла“, тој одговори, многу поголема од „Ферари“, а се надевам и поголема од „Порше“. „Тесла“, која сега продава стотици илјади автомобили годишно, ги постигна и двете поставени цели – вели Харлоу. 

Во интервју за „Њујорк тајмс“ направено минатиот месец, Маск изјави дека нема време да дизајнира своја куќа и дека не сака да поседува имот на Земјата затоа што тоа ќе го оттргне неговиот фокус од „носењето на луѓето до Марс, како и од работата за одржливост на животната средина и забрзување на стабилната енергија“. 

Меѓу другите замисли на Маск, од кои повеќето сѐ уште остануваат само нацрт-планови на неговата агенда, спаѓаат и воспоставување на вселенски туризам на Месечината, Марс и во орбитата на Земјата, „Хиперлуп“, брз транзитен систем што ќе испраќа капсули кои патуваат низ серија подземни тунели, „Досадната компанија“, која има за цел да изгради тунели во Лас Вегас и Лос Анџелес за подземни транзитни системи – како „Хиперлупот“, и да спречи досаден сообраќаен метеж, како и за „Неуралинк“ имплантите кои кои би се поврзувачле со мозокот и би комуницирале со нашите смартфони. 

По големиот успех на „Тесла“, Маск исто така стана познат по тоа што е постојано искрен и нема влакна на јазикот, реткост кај извршните директори на компаниите со јавно тргување, а тој е исто така е цел на критики и поради бизарните политички ставови изнесени.

Во 2018 година, контроверзниот Маск ги доведе во заблуда инвеститорите кога тој објави дека „обезбедил финансии“ за да ја преземе сопственоста врз компанијата преку купување на акции. Твитот ги чинеше Мaск, како и компанијата „Тесла“, загуби од по 20 милиони долари, засебно. Како дел од решението за случајот, Маск се согласи да се откаже од својата позиција на претседател на „Тесла“, иако тој остана извршен директор.

„Тесла“ штотуку го објави својот прв годишен профит во јануари. „Тесла“ сега е проценета со поголема вредност од „Форд“, „Џи ем“ и „Фиат Крајслер“. Исто така, ја престигна и „Тојота“ како највредниот производител на автомобили во светот. 

За да го прослави успехот и да им зададе еден последен удар на сите оние кои досега се сомневаа во него, Маск во јули одговори со лансирање на брендот „Тесла кратки шорцеви“, по цена од 69,42 долари, кои веднаш беа распродадени. Малите црвени сатенски шорцеви веднаш станаа хит. Типично за Маск, тој веднаш сподели на Твитер за нивниот успех. 

Земските планови на Маск се исполнија, па затоа сега тој цели кон ѕвездите.