Новозеландскиот глумец Сем Нил (73) во својот последен филм „Рамс“ комуницира главно со животни. Станува збор за комедија во која двајца скарани браќа повторно се обединуваат, откако на нивното наградувано стадо овци му се заканува смртоносна болест. Но Сем не требало многу да се подготвува за оваа улога, бидејќи ѕвездата на „Светот на Јура“ и на „Пики Блиндерс“ има одлично искуство од животот на село. Имено, сопственик е на лозје и на голем селски имот во родната земја, познат по органско одгледување, според највисоките еколошки стандарди.
Во интервју за „Тајмс“, во кое зборува за новиот проект „Рамс“, Нил открил интересен факт: на неговата фарма повеќето животни имаат имиња на негови познати колеги и колешки. Така, на пример, една крава ја нарекол Хелен Бонам Картер, глумицата со која глумеше во „Мерлин“ и „Одмаздници“.
– Никој не смее да ја изеде Хелен. Кога имате крава, која е национално богатство, не смеете да ја претворите во колбаси – изјавил Сем Нил.
Тој додал дека има и бик, кого го нарекол Греам Нортон, според славниот британски ТВ-водител. Нил има и две свињи, кои ги добиле имињата Анџелика Хјустон и Имоген Потс, петел што го добил името Мајкл Фасбиндер, како и кокошка Кејт Винслет, за која вели дека им е одлична мајка на нејзините пилиња.