Ани-Фрид Лингстад е можеби најпозната како пејачка на шведската поп-група „АББА“, но покрај тоа, таа е и принцеза. Родена е на 15 ноември 1945 година како ќерка на Норвежанката Сини Лингстад и Германецот Алфред Хасе. Стравувајќи од репресии од народот во Норвешка поради врската на Сини со Германец, нејзината баба ја однела Ани-Фрид во Шведска. Мајка и им се придружила подоцна, но починала во 1947 година. Ани-Фрид ја одгледала баба и. Ани-Фрид верувала дека нејзиниот татко починал при враќањето во Германија, но тие конечно се запознале во 1977 година.

На 18-годишна возраст, Ани-Фрид се омажила за колегата музичар Рагнар Фредриксон со кого имаат две деца, Ханс Рагнар (роден 1963 година) и Ан Лисе-Лоте (родена 1967 година). Тие се разделиле една година по раѓањето на нивната ќерка, а официјално се развеле во 1970 година. Во меѓувреме, Ани-Фрид се запознава со Бени Андерсон кој е член на групата „АББА“. Тие почнале да живеат заедно во 1971 година, а се венчале во 1978 година, кога „АББА“ е на врвот на успехот. Тие се разделиле во 1980 година, а официјално се развеле во 1981 година.

Во 1986 година, Ани-Фрид се преселила во Швајцарија за да живее со принцот Хајнрих Руцо, гроф од Плауен. Тој е член на поранешно кнежество Ројс-Гера. Неговата семејство управувало со кнежевството Ројс-Гера во Германија до 1918 година. Тие се венчале на 26 август 1992 година со што таа добила титула принцеза. Таа станала маќеа на ќерките-близначки на принцот Руцо. Трагедија ја погодила Ани-Фрид во 1998 година кога ќерката и загинала во сообраќајна несреќа на 30-годишна возраст, а следната година починал и сопругот од лимфом, на само 49-годишна возраст.

Од 2008 година Ани-Фрид е во врска со британскиот аристократ Хенри Смит.