Гугл изненади со нова алатка. Иновативната гугл-алатка е смислена за да помогне во намалувањето на температурата на улиците во градските средини, со што би се олеснил животот на жителите, но и како еден вид глобална инвестиција што позитивно ќе влијае на сѐ поизразените климатски промени.
Алатката ги мапира градовите со огромна потреба за бујна вегетација за да се забави и намали загревањето.
Покрај сѐ поголемото загадување на воздухот, глобалното затоплување е највлијателниот фактор што негативно влијае на климатските промени. Појавата на урбани топлотни острови сред големиот број згради и асфалтна површина, наведува дека веднаш треба да се спроведе план за проширување на зелените градски површини. Зелените површини имаат неизмерно позитивно влијание на жителите и планетата воопшто, а во градовите создаваат неопходни сенки и влага.

Цел тим од „Три канопи лаб“ со помош на снимките од Гугл го мапира секое дрво во одреден град. Со вкрстување на информациите, како густината на населеност и најчувствителните населби на високи температури, се овозможува да се дознае каде треба да се засадат нови дрвја низ градовите.
Првото истражување е спроведено во Лос Анџелес, а според податоците, повеќе од половина од жителите живеат во краеви каде што има помалку од десет проценти сенки од дрва, а дури 44 проценти од луѓето живеат во населби изложени на ризик од енормна топлина.