­Една од туристичките атракции што би требало да се посетат во Даблин, секако, е таканареченото гладно дрво. Се проценува дека е старо 80 години, а израснало така што изгледа дека ја јаде клупата. Високо е 21 метар, а широко 3,5 метри.
Станува збор за платан посаден до метална клупа, но, како што поминувале годините, дрвото растело, па „проголтало“ и делови од клупата.
Неговата нерамна кора сега се прелева на потпирачот на клупата, па изгледа како седиштето да е вовлечено во стеблото на дрвото.
Меѓутоа, тоа не е првото дрво што „јаде“ сѐ што ќе му се најде на патот. И други дрвја во светот го направиле истото тоа кога се соочиле со пречки што го попречуваат нивото растење.
Така, шкотското дрво-велосипед, кое потекнува од 19 век, присвоило повеќе предмети. Освен велосипедот, по кое го доби името, живее во симбиоза со метален синџир и бродска котва.
Се наоѓа во националниот парк Лох Ломонд и Тросах и претставува заштитена туристичка атракција. Се смета дека дрвото-велосипед никнало меѓу место каде што некоја ковачка работилница фрлала отпад. По смртта на ковачот во 1923 година, работилницата била затворена, а земјиштето напуштено, што му овозможило непречено растење на стеблото.