Васил Гарванлиев денеска на неговиот официјален јутуб канал ја објави неговата најнова песна и видеозапис за „ПриКазна“. Ова е негов втор проект оваа година по промоцијата на евровизиската песна „You“, со која Васил требаше да настапи на 65-тото издание на „Евровизија“ во Ротердам.

Автор на музиката е самиот пејач, текстот е на Тања Брковска, додека аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник и композитор Давор Јордановски. За видеозаписот се погрижија продукцијата „Дигитал бокс“ од Охрид во соработка со Ристе Филипов и креативниот директор Јелмаз Дервиши. Приказна е дел од новиот албум на Васил кој е во завршна подготовка и се очекува да биде објавен оваа есен.