Бил Козби нема да биде пуштен на условно оваа година, откако одби да учествува во програми за сексуални престапници.

Актерот (83) е во затвор од 2018 година. Тој беше осуден на 10 години откако беше прогласен за виновен по три точки за тежок сексуален напад.

Козби отворено се спротивстави на програмите и одби да ја признае вината, и покрај фактот дека тоа значи дека мора да ја издржува целата казна. Козби ќе остане во затвор во Феникс.

Портпаролот на Козби, Ендру Вајат, ја нарече одлуката застрашувачка и рече дека Козби е невин.

Актерот, кој глумеше во серијата „Козби шоу“ од 1986 до 1992 година, се надева дека Врховниот суд ќе ја промени својата одлука.