Организаторите на Берлинале најавија дека од следната година ќе престане со одделување на наградите за најдобар актер и актерка. Наградите за најдобри актери ќе бидат родово неутрални за следното издание на Берлинскиот филмски фестивал, кое е планирано да се одржи во стандардното издание со физичко присуство, а не онлајн, пренесува „Асошиејтед прес“.

Фестивалот до оваа година доделуваше награда „златна мечка“ за најдобар филм и повеќе „сребрени мечки“, меѓу кои „сребрена мечка“ за актер и за актерка. Наградите за најдобар актер и за актерка ќе бидат заменети со награди за најдобра главна улога и за најдобра споредна улога.

Во изјавата кодиректорите на фестивалот Мариет Рисенбик и Карло Чатријан стои дека „неодделувањето на наградите за глума според род, испраќа сигнал за поголема родова освестеност во филмската индустрија“.

Берлинскиот филмски фестивал исто така донесе одлука засекогаш да се исклучи една од своите главни награди „Алфред Бауер“. Одлуката е донесена откако се дозна дека неговиот основач и прв директор Алфред Бауер бил високорангиран нацист и активно вклучен во пропагандната организација на Јозеф Гебелс.