Филмскиот режисер Роман Полански, кој во 1997 година беше осуден за силување малолетничка во САД, по веста дека е меѓу потенцијалните добитници на наградата „цезар“, француски еквивалент на „оскарот“, ја разбранува и разгневи јавноста.
Филмот на Полански „Офицер и шпион“ доби 12 номинации за награда на француската Академија за филмска уметност.
Полско-францускиот режисер побегна од САД, откако беше осуден за силување во 1970-тите.
Оттогаш се соочи со други обвинувања за сексуален напад.
Ален Терзијан, претседател на Академијата за филм, ја бранеше номинацијата на Полански, тврдејќи дека академијата „не треба да зазема морални позиции“ во доделувањето награди.
Меѓутоа, Селин Пике, портпаролка на една француската феминистичка организација, за францускиот телевизиски канал ЛЦИ изјави:
„Јас сум шокирана. Сите 400 професионалци што гласаа за оваа номинација, му аплаудираат на Полански со 12 номинации, а 12 е исто така број на жени што го обвинуваат за силување. Ова не е поле на морал, ова е поле на правда.“
Филмот „Офицер и шпион“ е заснован на аферата „Дрејфус“ што ја потресе Франција во 19 век – политичкиот скандал што избувна кон крајот на 1800-тите кога еден француски еврејски воен офицер бил погрешно осуден за шпионажа. Алфред Дрејфус, артилepиски офицep во француската apмија, беше ocуден за пpeдавство и пpeнесен на островот на ѓaвoлите.
Во септември, филмот ја освои наградата на големото жири на филмскиот фестивал во Венеција.