Растенија што ги бркаат инсектите од вашиот дом
Иако многумина од нас уживаат во септември и во промената на годишните времиња, ова е период од годината кога пајаците интензивно влегуваат во нашиот дом. Експертот за градинарство, Еви Лејн, истакнува дека повеќето растенија што ги мразат пајаците имаат силен мирис што ги мачи, но нам ни мирисаат совршено. Покрај превентивните мерки внатре во куќата, треба да го исчистите дворот од суви лисја или предмети што се скривалишта за пајаци.
Пајаците не сакаат нане. И за да се ослободите од нив, не мора да имате безброј растенија од нане низ куќата. Насадете го во неколку тегли и покрај одбивањето на досадните инсекти, секогаш ќе имате при рака неколку гранчиња свеж чај. Исто така, со чај од нане можете одвреме-навреме да ги прскате критичните места.
Босилекот и рузмаринот не само што се корисни при готвењето, корисни се и за одбивање инсекти како што се комарци, мравки, муви, молци и пајаци.
Покрај тоа што е смирувачки и релаксирачки, мирисот на лаванда е одличен за одбивање комарци, пајаци и други инсекти. Чувајте го блиску до прозорецот.
Мравките, лебарките, пајаците, бубачките, крлежите, па дури и влечугите не ги сакаат хризантемите. Еукалиптусот е уште едно растение што е добро против инсектите кога неговите гранчиња никнуваат околу вашата куќа.