Фото: Ка.М

Вечерва од 19 часот, Фото кино клубот „Прилеп“ во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе ја отвори 10-та јубилејна клупска изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“.

На изложбата што традиционално се реализира секоја година во чест на фотографот Зазо, изложени ќе бидат 60 фотографии од членовите на клубот, кои во своите дела го претставуваат својот личен уметнички потенцијал, преточен во фотографија.

– Реализацијата на изложбата е поддржана од Министерството за култура, а целта на проектот е збогатување на културната понуда во Општина Прилеп преку афирмирање и промоција на уметничката фотографија – вели претседателот Сашо Попоски.

Ка.М.