Фото: Фејсбук/ ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Во период од 27 јануари до трети февруари, учениците од балетскиот оддел – насока за класичен балет учествуваа на балетски натпревар во Бурса, Република Турција.

Во рамки на натпреварот, прва награда освои Антонија Атанасовска со ментор професор Дафина Данилоска – Кочевска. Трета награда освои Искра Давидовска со ментор професор Слаѓана Спасеновска и Дион Карпузи со ментор професор Маја Митровска-Богојевска и професор Дафина Данилоска -Кочевска.

Прва награда освои и ансамблот „Пахита” (ансамбл) Мила Николова, Јана Кепеска, Антонија Атанасова, Веда Анѓушева, Матеа Канзурова, Томрис Шабан, Ина Стојановска, Симона Савевска, Виола Имери, Елса Ајрулаи, Лана Иванова, Теа Серафимов, Јана Талеска, Софија Дуданова и Софија Крстева, под менторство на професор Дафина Данилоска-Кочевска. Втора награда освои ансамблот „Снегулки“ за Оревокршачка, под менторство на професорката Дафина Данилоска-Кочевска.

Стипендија за Државното балетско училиште во Берлин освоија Антонија Атанадовска,
Јана Кепеска и Виола Имери, а награда од „Мајо стор“ освоија Антонија Атанасовска и ментор професор Дафина Данилоска- Кочевска.