Во Центарот за култура во Кичево и пред голем број почитувачи на пишаниот збор, беше промовирана втората книга на младата поетеса од Кичево, Марија Никодиноска со работен наслов, „На крајот на патот“.
-Со големо задоволство можам да истакнам дека сум презадоволна од премиерното претставување на мојата втора книга „На крајот на патот“. Бројното присуство на оваа промоција на моите сограѓани, уште повеќе ме мотивира да продолжам да пишувам и да создавам нови книжевни дела. Во оваа збирка песни опеана е љубовта, болката, среќата и животот, а главен акцент е ставен на загубата на моите родители на што потсетува и самиот наслов на овој труд. Ова е мое второ книжевно дело откако пред пет години ја издадов првата збирка песни со работен наслов „Огнени воздишки“. Уште еднаш им благодарам на сите присутни на оваа промоција,членовите на литературниот клуб од Кичево „Китка“ каде јас сум и една од зачетниците – нагласи авторката Никодиноска.
Таа на крајот од промоцијата им подари книги на сите присутни со своја посвета за да ги потсетува на денот кога се случил овој убав книжевен настан.
З.А