Новата публикација „Доколу постои приказната: Обид за децентрализација на знаењето“, која е производ на соработката помеѓу уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска и уредничката Дијана Маринку, се одржа во центарот „Јадро“, во присуство на авторите и гостинката Ана Кун (р. 1981), визуелна уметница од Темишвар. Публикацијата нуди свеж пристап кон современата уметност, перципирајќи ја како флуидна, отворена форма на знаење. Таа произлезе од изложбата на Чаловски и Иваноска што се случи во 2022 година во фондацијата „Арт инкаунтерс“ под истиот наслов. Книгата ја истражува теоријата на отворена форма, презентирајќи привлечна нехиерархиска перспектива на уметноста.
– Делата на Јане и Христина се како „прирачник за употреба“ за тоа што сѐ може да стане уметноста: алатка за знаење со огромен потенцијал за секого. Нивната уметност aфектира и предизвикува понудувајќи перспектива што продира дури и во најневидливите области на историјата и сегашноста – изјави Дијана Маринку.
Коуредена од уметниците и од кураторката, книгата вклучува и текстови од теоретичарот Андерс Кројгер и од историчарката на уметност Марија Оросан-Телеа. Структурата на книгата ги спојува уметноста и образованието, истакнувајќи ја сложената врска помеѓу уметничкото творештво и педагошката иновација.