Во текот на ноември, Јордан Плевнеш како македонски автор со меѓународно реноме и Претседател на ИУ Еуропа Прима, одржува серија предавања на постдипломските студии на универзитетот „Пантеон Асас Сорбона“ на тема : Драмата во политичката историја на светот од Антика до денес, каде се разработуваат темите на драмскиот жанр на светски план со историските превирања на сите меридијани.
Со оглед на фактот што тој ја доби наградата за животно дело, Гран при на Француската академија, токму на предлог на овој претсижен Универзитет, Претседателот на Универзитетот Стефан Браконие неодамна му го предаде Високото признание на Француската влада Командант на Уметностите и книжевностите, а уметничкиот портет на Плевнеш е поставен на ѕидовите на оваа институција и нејзината академска меморија.
Автор на портретот е големиот македонски сликар Родољуб Анастасов и тоа претставува врвна афирмација на македонската култура и образование во Европа и светот.
На барање на слушателите, Плевнеш ќе посвети посебен осврт на неговата најнова драма објавена оваа година на француски јазик во издание на Куќата на Европа и Ориентот, „Кирил и Методиј кои сте вие “, за која предговор напиша еден од најпознатите светски театролози Жорж Бани и кој е насловен „Јордан Плевнеш е планетарен автор”.