По повод 79-от роденден на театарот
Овогодишниот 79-ти роденден на Македонскиот народен театар ќе биде хуманитарно одбележен, соопштија од МНТ.
– Низ сите години на постоење, оваа институција секогаш била тука за публиката. Тоа продолжува и денес со изведбите на претставите „Силјан Штркот шанца“ и „Сите сме птици“ – кои во таа чест ќе бидат одиграни на 3 април. Средствата од продадените билети за овие претстави ќе бидат наменети за лекување на нашиот Леонид Индов – се вели во соопштението од МНТ.
Истиот ден во фоајето на театарот ќе биде претставена документарна изложба „Миг кој трае“, на која низ оригинални фотографии и предмети ќе бидат претставени дел од досега изиграните претстави од 1945 година до денес. Изложбата е отворена за публиката.