Фото: Принтскрин

Кина денеска ја најави својата поддршка за новата нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) со која се бара „итен“ прекин на огнот во Газа.

Новата нацрт-резолуција е предложена откако Кина, како и Русија, стави вето на предлогот на американската резолуција.

– Кина ја поддржува оваа нацрт-резолуција и ја поздравува напорната работа на Алжир и другите арапски земји во тој поглед – рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан.

„Се надеваме дека Советот за безбедност ќе го одобри тоа што е можно поскоро и ќе испрати силен сигнал за прекин на непријателствата“, додаде Џијан.

Гласањето, кое беше закажано за завчера, беше одложено за денеска за да се избегне нов неуспех.