Фото: З.А

Вечерва во уметничкиот салон од Центарот за култура во Кичево, ќе биде отворена ликовна изложба на младата сликарка од Кичево, Лулзиме-Лулу Османи, со работен наслов „Сон“. На вечерашната изложба ќе бидат претставени 27 слики во голем формат изработени во изминатите две години. Овој опус кој прв пат ќе биде претставен пред љубителите на уметноста во Кичево, претходно беше претставен во Тетово и Гостивар.

– На вечерашната изложба ќе бидат претставени 27 слики изработени во акрил во голем формат, кои сум ги изработила во претходните две години и тоа 20 во 2022 и 7 во 2021 година. Мотивот кој провејува во оваа изложба е сонот кој последoвателно не е ни сон, ја доловува реалноста не преку неговото претставување туку преку обедувањето со него. Како особина која има длабоко влијание врз ренесансните мислители и која Шилер се уште ја нарекува убавина на душата е најрадикалното противење на материјализмот како и секоја друга теорија за емпатија – нагласи Османи, која поседува сопствено ликовно студио во Кичево, а редовно е вработена како наставник по ликовна уметност во едно основно училиште во општината.

З.А.