По концертите во Тетово, Велес, Неготино и Прилеп вечерва со концерт во Кавадарци во концертната сала на основното музичко балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ eсо eпочеток во 18 часот Лазар Соколов го заокружува своето одбележување на јубилејот 10 години концертна и педагошка дејност . Овој истакнат музичар на инструментите кларинет и саксафон вечерва на концертот ќе биде придружуван од Емилија Кабранова Филипова на пијано.

Музичкото образование Лазар Соколов го започнува во основното музичко училиште во Кавадарци во класата на професорите Горан Стојанов и Пешо Бошков на инструментот кларинет каде веднаш беа забележани неговата исклучителна музикалност и талент што се потврдува со титулата „Првенец на генерацијата 2002“. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје во класата на професорот Петар Колевски, а по четири години дипломира на Факултетот за музичка уметност кај професорот Стојан Димов кај кого во 2012 и магистрира. Меѓутоа и по магистрирањето неговата желба да се дообразува во областа на музиката продолжува со посетување различни семинари кај познати педагози и изведувачи низ Европа како што се: Никола Балдеру, Силви Хју – Париз, Карел Дохнал – Прага, Игор Франтишак – Острава, Петко Радев – Софија, Хорхе Монтија – Венецуела и Славко Ковачиќ – Словенија, а бележи и големи успеси на државни и меѓународни натпревари.

Лазар Соколов денес работи како професор по кларинет во ООМБУ „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци, каде стекнува награди со високи педагошки достигнувања. Исто така учествува во жири-комисиите на државните натпревари во Македонија, а од 2014 година е член во жирито на меѓународниот арт – фестивал „Дојрана“ во Дојран. Надвор од педагошката дејност индивидуалните музички квалитети на Лазар Соколов беа забележани уште во 2010 години каде во дуо-состав со пијанистката Ана Арангелова активно учествува во концертниот живот на Македонија и надвор од неа. Своето камерно и оркестарско искуство го бележи по енастапите како солист со Македонската филхармонија, камерниот ансамбл „Полифонија“ од Берлин, градските оркестри на Скопје и Кавадарци и, оркестарот на Музичка младина на Македонија, и Воениот оркестар на АРМ. Тука се вбројуваат и реномираните фестивали „Охридско лето“, „Скопско лето“„Денови на македонската музика, „Кавадаречка културна есен“ „Квадарци град на културата 2010“, Заеједно“  – Макарска, „Битолско лето“ и настапите со „Леб и сол“ на „Зајечарска гитаријада“ во Зајечар.

Од 2015 година станува член на триото „Ад либитум“ со музичарите Силвана Чулева Атанасова-флејта и Емилија Кабранова Филипова –пијано со кои пред две години издаде и компакт диск. За него од големо значење се концертите на јадранската турнеја: Макарска, Омиш, Градац, Денови на класиката во Балчик- Бугарија, фестивалот на класична музика Врњци – Србија, меѓународниот фестивал Сараевска зима – БИХ, фестивалот за камерна музика Драч – Албанија, Златна лира, Прилепско лето и СаксКлар фестивал во Битола. Неговата љубов кон инструментот саксафон беше причина минатата година да се запише на додипломски студии по саксафон во класата на професорот Нинослав Димов на ФМУ во Скопје. Ми.М.