Фото: Игор Бансколиев

Весело, разиграно и полно со детски насмевки беше денеска на популарната сцена под ведро небо – Школка во Градскиот парк во Скопје. Инклузивниот настан „Играме заедно пак“, кој по четврт пат се одржува, беше во организација на здружението „Аутизам ААМК“, а иницијатор за оваа дружба е Денис Јанкуловски, популаниот Космонаутрко.

И „Колибри“, кој годинава го одбележува својот голем јубилеј, 65 години од излегувањето на првиот број во дневниот весник „Нова Македонија“, како единствен додаток за деца во македонскиот медиумски простор, беше дел од оваа дружба.

– Поубаво место за прославуавње на роденденот не можевме да замислиме. На штандот на „Колирби“, изложивме дел од сработеното измиантите години, а на децата кои ќе ни дадеа цртеж или песничка им подаривме и книги, донација од издавачката куќа „Македоника литера“. Поделивме вкупно 65 книги, колку што има и свеќички на нашата родендеска торта – изјави уредничката на „Колибри“ Марија Таушанска.

Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев

Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев

Уметниците Живко Поповски-Цветин и Славица Танеска на љубопитните дечиња им подарија многу свои дела, а во делот од манифестацијата, наменет за нас, имавме и мала свеченост.

Младиот поет Филип Димкоски, кој заедно со Славица Танеска, уште од основно училиште е присутен на страниците на „Колирби“ беше водител на нашиот блок, а назад во времето не вратија, поетот и поранешен уредник Перо Миленкоски и писателот Васил Мукаетов, кој верувале или не, се уште ја чува песничката што во далечната 1958 година ја испратил до „Колибри“.

Дел од прославата беше и писателката Вера Андон, која од дете е присутна на страниците на омиленото детско галсило, па делеќи ја радоста со „Колибри“, таа денес таа го прослави својот роденден.

Фото: Игор Бансколиев

Хуманиатрецот Живко Поповски-Цветин, по повод роденденот на „Колибри“ на сегашната уредничка Марија Таушанска и ја додели „Цветиновата награда за мир“, за посебен придонес во мисијата „Цвеќе на мирот“.

– Каде се децата, таму секогаш е мирот, среќата и детските насмевки. Оваа награда е посветена на сите мои поранешни и идни уредници на „Колирби“, како и на сите кои на било кој начин учествувале во неговото создавање. И во иднина, секој вторник ќе продолжат да излегуваат четирите насмеани страници и да ги радуваат најмладите читатели на „Нова Македонија“ – истакна Таушанска.

Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев

Како шлаг на славеничката торта беше настапот на второоделенците од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, кои заедно со популарнито кантавтор Џина Папас -Џокси ја исполнија песничката „Шарени чадори“ и на крајот сите гласно му го честитаа роденденот на „Колибри“.

Фото: Игор Бансколиев

Меѓу учесниците на настанот беа и дечињата од градинките „25 мај“ и „Спирит“, ДУЦОР „Партениј Зографски“, фолклорното друштво „Етнос“, ученици од ОУ „Кузман Ј. Питу“, танчарите од „Данса латина“, Тијана Периќ, членовите на градски инклузивен хор „Ветерница и Трисомија“, МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Мето ди Флеш и многу други.

М.Т