Фото: Маја Јаневска-Илиева

По повод Денот на италијанскиот дизајн 2024 година, денеска во галеријата Чифте амам во Скопје беше отворена изложбата „Најдрагиот Пинокио“, чиј куратор е Џулио Јакети, со изложбениот проект на Матео Верчелони и графички на Федерика Марциале Јадеваја. Изложбата е преглед на 62 нови дела специјално создадени за оваа пригода од 31 италијански дизајнер и 31 графички дизајнер. Покрај прославувањето на 140. роденден на Пинокио, овие дела (развиени во соработка со квалификувани компании и занаетчии) нудат и калеидоскопска визија за италијанскиот дизајн и неговите работници, креатори на безвременски предмети и производи.
Изложбата ја организираа Италијанската амбасада во Скопје и Канцеларијата на ИТА во Скопје, во соработка со музејот АДИ од Милано и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка од Рим.
Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија, се закити со орден од претседателот на Италија „Витез на редот ѕвезда на Италија“, кој ѝ го додели амбасадорот Андреа Силвестри.