На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се одигра оригинална јапонска монодрама, која е спој на класично ракуто и модерна манга.
Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 години настапила во 80 земји. Дипломирала на универзитетот „Тама“, на Катедрата за јапонско сликарство.
Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц.
Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“, „Балекендан“, „Пес и мачка“. Добитничка е на редица награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена.
Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија. Претставата се одигра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија.