Во ликовниот салон од Центарот за култура во Кичево синоќа беше отворена изложбата со работен наслов „Генеза на хроничната мистерија“ на Емил Солески. Кичево е трета дестинација на оваа изложба која по многу нешта е нетипична и се разликува од ликовните изложби и изложби на фотографии додега организирани во центарот.
На Солески ова му е втора изложба во Кичево, откако во 2019 година за прв пат се претстави пред љубителите на убавата уметност од овој град со „Музички орнаменти“.
-Изложбата „Генеза на хроничната мистерија“ е мултимедијален триптих за губењето на идентитетот и фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигитален идентитет. Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка а паланзата и без тег ќе измери нешто потамина ако треба – истакна авторот на отворањето на изложбата.