Kнигата „На иста адреса“ на тандемот Миле Ѓорѓиоски и Христина Деолска денес излезе од печат. Книгата е специфична по тоа што на по една страница содржи песни, а на другата страна афоризми, рече афористичарот Миле Ѓорѓиоски, нагласувајќи дека е издадена во 300 примероци. Рецензенти се Витомир Долински и проф. Др Слободан Мартоновиќ, додека автори на корицата се Христина Деолска и Јордан Поп Илиев.

– Дијалогот помеѓу поезијата на Христина и афоризмите на Миле во оваа книга ме потсетува на Сервантесовиот „Дон Кихот“ и на истоимената симфониска поема на Рихард Штраус. И во романот и во симфониската поема постои постојан дијалог помеѓу два светогледа – оној на Дон Кихот и оној на Санчо Панса. Првиот е возвишено мудар и отмено воздржан, другиот – животно мудар и духовит- нагласи Матоновиќ и истакна дека поетеса и сатиричар со нивните комплементарни погледи кон светот, чекорат низ времето и книгата – наведува рецензентот, професорот Мартоновиќ.

Ѓорѓиоски најави скорешна промоција на оваа книга во повеќе градови во земјава. З.А.