Игор Радев

Институтот за филозофија на Филозовски факултет – Скопје организира циклус предавања со наслов „Трите такта на кинеската философија“, чиј предавач е Игор Радев. Првото предавање е закажано за денеска на Институтот за филозофија од 13.30 до 15.30 часот, а темата е „Почетокот на кинеската философија во нејзиниот историски и општествен контекст“. Во него ќе бидат опфатени теми како што се философијата во кинески контекст, предусловите за философијата, гледишта за битието од метафизички, етички и политички аспект.
Второто предавање е закажано за 13 март и е на темата „Лао Це и таоизмот“.
Циклусот предавања ќе продолжи на 22 март со предавање за „Конфуциј и конфуцијанството“ и ќе биде опфатено неговото животно патешествие.
Последното предавање ќе се одржи на 29 март на темата „Основите на кинескиот будизам“. Ова предавање ќе биде поделено на два дела.