Фото: Imdb

Политичкиот трилер на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“, влезе во официјалната селекција на 17-то издание на фестивалот „Сине дел Мар“ во Пунта дел Есте, Уругвај. Филмот ќе биде прикажан пред уругвајската публика во ударен термин, вечерва, во 20 часот. По Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова е шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка. Инаку, филмот се закити со награди за најдобар филм во Панама и во Перу.

„Бизнисот на задоволството“ ја обработува темата на трговијата со жени и есенва се очекува да биде прикажан во македонските кина. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а финансиран е од Агенцијата за филм.