Мултиинструметалистката Бајса Арифовска, утре, 16 октомври, со своите гости ќе одржи концерт насловен „Балканско виножито“ во малата сала на Македонска филхармонија, со почеток во 20 часот.
– Се е обмислено како музички колаж од авторски и традиционални балкански творби создадени и обработени со оригинален и посовремен етно и етно-џез призвук, низ призма на индивидуалното искуство и интерпретација на секој автор-инструменталист посебно.На ова музичко патување ќе му дадеме посебен простор на инструментот кавал, којшто патем го среќаваме во поблиските балкански страни и кој по својата природа изобилува од палета на техники и звучен колорит. Наспроти мене ќе ги чуеме и изведбите од Неделко Неделков од соседна Бугарија, кој е солист во оркестарот на Бугарско национално радио, и чиј стил се одликува со брилијантна виртуозност, слободна и флексибилна импровизација се несекојдневна можност за нашата публика – вели Бајса Арифовска.
Таа освен на кавал, ќе свири и на тамбура, кларинет, ут и на виолина.
На концертот учествуваат и: Ивајло Димитров – (Бугарија) и Душко Георгиевски – вокални солисти, Дамир Имери – пијано и клавијатури, Иван Бејков – бас, Ратко Даутовски -перкусии и Емил Адамски-зурла и гајда. М.Т.