Денеска, со почеток во 18 часот, во Паркот на франкофонијата, во општината Центар, ќе се одржи авторскиот концерт „Амбиенти“. Музиката се дела на композиторката Ана Пандевска, додека изведбата ќе биде на пијанистката Дуња Иванова.
На програмата ќе се изведат електроакустичните композиции за пијано „Пејзажни атмосфери“, „Квазибурлеска“ и „Свита за Скопје“.
Музиката е пишувана во периодот од 2015 до 2019 година, а проектот се реализира со поддршка на Општина Центар.