Светот е сцена

„Надреалните светови на Салвадор Дали“ е насловот на изложбата што ќе може да се погледне во Кнежевата палата во Задар, од 15 октомври. Изложбата опфаќа околу 200 графички листа, скулптури, таписерии и релјефи, предмети од керамика и стакло, како и познатата софа на славниот шпански сликар во облик на уста.

Застапени се дела од неговите опуси „Божествена комедија“ и „Библија сакра“, како и избор од циклусот „Коњи“ и комплетната мапа „Тророг шешир“…