Националната опера и балет Ве известува дека оперскиот гала-концерт, настан во
рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2020 закажан на 4 ноември, ќе започне во 19.00 часот, наместо во 20.00 часот, согласно новите мерки на Владата.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба
предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. 

На концертот задолжително е носење на заштитна маска. Национална опера и балет  моли да се почитуваат мерките за заштита.