Посети го музејот

Музејот на тетовскиот крај е основан во 1950 година. На почетокот постоел во просториите на комплексот „Арабати баба-теќе“, а во 18 век бил префрлен во делот од Тетово наречен Два Бреста, во рамките на Спомен-куќата на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија.
Музејот е отворен секој ден. Во него се сместени историски оддел, етнолошкиот оддел и уметничка галерија.
Музејот на тетовскиот крај ги опфаќа активностите поврзани со зачувување на културно-историските споменици во Полог и изработува научноистражувачки проекти во областа на археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста.
Освен на секојдневни активности и периодични изложби, Музејот е организатор на неколку манифестации, како Меѓународното биенале на мали графики – Тетово.