Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша интензивната офанзива на Русија на истокот како „одмазда“ за претходните загуби во војната.
– Не мислам дека ќе може да му обезбеди на своето општество каков било убедлив резултат од офанзивата. Јас сум сигурен во нашата армија. Ќе ги запреме, малку по малку, и ќе ја подготвиме нашата голема контраофанзива – рече Зеленски, додавајќи дека Русите претрпеле огромни загуби во нападите во изминатите неколку недели.