Фото: Принтскрин

Двата земјотреса со епицентар во Кахраманмараш, јужна Турција, и со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, предизвикаа поместување на копнената маса во Турција за три метри – изјави директорот на сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул, проф. Халук Јозгенер.

– Преживуваме вистинска природна катастрофа, досега невидена. Во еден ден имаше два земјотреса еден по друг со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала. Земјината маса се помести за цели три метри – изјави Јозгенер.

Телефонски броеви и сметки за донација за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија: Да помогнеме!

Според турскиот научник, во 2022 година во Турција се случиле 170 земјотреси со јачина над 4 степени.

– По августовскиот земјотрес во 1999 година (во регионот на Мраморното Море), земјотресите од 6 февруари се најмоќните и најразорните во последните 24 години –  истакна тој.

Научникот објасни дека неодамнешните земјотреси во Кахраманмараш ослободиле енергија која била акумулирана 500 години, а на некои места и 700-800 години.