Украинскиот претседател Володомир Зеленски објави ново видео во кое и се обрати на домашната и светската јавност.
– Ќе има само еден одговор за руските сили – омраза и презир. Нашите вооружени сили несомнено ќе одговорат. Затоа украинските селани ги заробуваат соборените руски пилоти во нашата земја – рече тој.
– Затоа нашите „тракторски сили“, украински земјоделци, ја земаат руската опрема од полињата и ја предаваат на украинската армија. А особено најновите модели, оние што Русија се обидува да ги задржи во тајност- -додаде тој.
– И сега окупаторите ги оставаат на нашата земја и бегаат… Всушност, тие ја прават вистинската работа. Затоа што е подобро да избегаат отколку да умрат. Нема и нема да има други алтернативи – рече Зеленски.
Тој, исто така, испрати порака до Европа, велејќи дека мора „да ја засили помошта за Украина“.
„Чекавме 31 ден“, рече Зеленски, фалејќи ги бранителите на Мариупол, велејќи:
– Сакам барем мал дел од нивната храброст за оние кои 31 ден размислуваат како да испратат 10-20 тенкови или авиони – додде Зеленски.