Фото: Фејсбук/ Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ја повика меѓународната заедница да одговори на најновите руски воздушни напади врз Украина.

-Важно е светот да реагира на овој најнов чин на терор. „Многу лидери денеска веќе ја изразија својата поддршка за Украина и Украинците и јас сум им благодарен на сите – рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Украина денеска повика на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, пренесува Укринформ.