Херсон / Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија воспоставила контрола над повеќе од 60 населени места во регионот Херсон и дека се спроведуваат мерки за стабилизација.

Тој додаде дека руската војска ја уништила целата критична инфраструктура во градот пред да побегне, вклучувајќи ги и комуникациите и снабдувањето со вода, греење и електрична енергија.

– Пред да избегаат од Херсон, окупаторите ја уништија целата критична инфраструктура: комуникациите, вода, греење, струја. Русите насекаде имаат иста цел, да ги понижуваат луѓето што е можно повеќе. Но, ние ќе вратиме сè, верувајте ми – рече Зеленски.

Тој истакна дека полицијата почнала мерки за стабилизација, додавајќи дека досега се отстранети речиси 2.000 мини и неексплодирани гранати.