Фото: Влада

Папата Франциск денеска нагласи дека одбивањето на мигрантите е скандалозно, одвратно и грешно.

-Отфрлањето на мигрантите е скандалозно. Навистина, тоа е злосторство и поради тоа тие умираат пред нашите очи – рече папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Папата рече дека Средоземното Море е најголема гробница во светот, мислејќи на илјадниците мигранти кои се удавија обидувајќи се да стигнат до Европа.

-Отфрлањето на мигрантите е одвратно, тоа е грев. Злосторство е да не се отвори вратата за оние на кои им е потребна помош – посочил тој.
Наведе дека некои мигранти, кои биле вратени од границата, „биле експлоатирани и третирани како робови“.