Војник на германски Бундесвер е осомничен дека застрелал четири лица во областа Долна Саксонија, пред да се предаде, објавија денеска локалната полиција и обвинителството.
ДПА пренесува дека меѓу загинатите има и дете, кои беа пронајдени претходно утринава.
Убиствата се извршени на две места, едно во куќа во Вестервезеде, во општината Шешел, и едно во Ботел во областа Ротенбург.
Осомничениот сторител се предал по нападот, што го извршил доцна синоќа, по што бил уапсен – соопштија истражителите за ДПА.
Полицијата соопшти дека „не може да исклучи некаков домашен проблем“ како мотив за злосторството.
Во областа е распореден голем број полицајци.