Во воздушен напад врз бегалски камп во етиопскиот регион Тиграј загинале 56 лица, а најмалку 30 се повредени.

Хуманитарните работници изјавиле дека бројот на загинати е потврден од локалните власти, а меѓу жртвите има и деца, пишува „Гардијан“.

Армијата погоди камп во североисточниот град Дедебит за време на воздушниот напад, во близина на границата со Еритреја. Властите претходно негираа дека цел им биле цивили во судирите со воените сили во Тиграј.