фото: Скриншот

Во Русија приведени се околу 700 луѓе се приведени во десетици градови во Русија поради протести против делумната мобилизација на руските граѓани, која денеска ја нареди рускиот лидер Владимир Путин, соопшти независната мониторинг група ОВД-Инфо.

Во сибирскиот град Иркутск, според локалните активисти, приведени се најмалку десетина од 60-те демонстранти кои се собраа на централниот плоштад.

Стотици луѓе беа уапсени во Санкт Петербург и Москва, додека се појавија фотографии од полицијата како користи палки против демонстрантите.

Московското обвинителство им се закани на учесниците на протестот со казна затвор до 15 години.

фото: Скриншот

Во третиот по големина руски град Новосибирск, на видеообјавено на социјалните мрежи се гледа како демонстрант извикува: „Не сакам да умрам ниту Путин ниту за тебе!“

Организатор на протестите е руското движење „Весна“ (Пролет), кое денеска повика на протести против мобилизацијата што ја најави претседателот Владимир Путин. На социјалните мрежи се објавени  видеа од протести во источниот дел на Русија, во  во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.

фото: Скриншот

Московското обвинителство соопшти дека учеството во протести и недозволени „масовни настани“ е казниво дело што може да резултира со „до 15 години затвор“.