Фото: Принтскрин

Новинар на „Ројтерс“ е убиен во јужен Либан, додека двајца новинари на „Ал Џезира“ се меѓу ранетите, во напад со тенковска граната, пренесоа „Ројтерс“ и „Ал Џезеира“.

Снимателот на „Ројтерс“, Исам Абдалах е убиен, објави агенцијата во соопштението. Во истиот напад беа ранети репортерката на „Ал Џезира“ Кармен Џоухадар и снимателот Ели Бракја.

– Длабоко сме со тага кога дознавме дека нашиот снимател Исам Абдалах е убиен – се вели во соопштението на „Ројтерс“, додавајќи дека тој бил дел од тимот на „Ројтерс“ во јужен Либан кој обезбедувал пренос во живо од земја.

Оваа агенција додава дека се ранети и новинарите на „Ројтерс“ Таер Ал Судани и Махер Назех.

Од либанската страна на границата со Израел, Али Хашем во изјава за „Ал Џезира“ кажа:

– Нашиот тим беше добро, сите носеа кациги и заштитни елеци со натпис „ПРЕС“. Беа на отворено, тоа е рид и погледот беше отворен за сите. Секој што следел, гледал, можел да знае и види дека се новинари. Двајца наши колеги се во болница, а еден наш многу добар пријател го загуби животот – изјави Хашем.