Фото: принтскрин

Украинската армија објави видео за кое тврди дека на него се гледа како украински борбен дрон уништува руски тенк.

На видеото се гледа како дронот-камиказе се приближува до тенкот и доаѓа зад него. Потоа забрзува кон оклопното возило и потоа снимката исчезнува.

-Украински дрон против руски тенк. Специјалисти на Центарот за специјални операции уништија уште еден тенк на окупаторите со беспилотно летало камиказе. Русите се обидоа да побегнат, но не успеаја – пишуваат од украинската армија.